По долга пауза продолжуваат активностите во домашниот шампионат. На стартот на викенд програмата денеска се игра дуелот Тиквеш – Арсими во Кавадарци, со почеток од 14:30 часот.
Домаќинот како и гостинот се речиси во идентична ситуација на табелата.
Искусниот стопер Дарко Илиески очекува триумф на Тиквеш.
„Ова беше навистина долга пауза во шампионатот. Што се однесува до Тиквеш, време е тимот да почне да победува. На последните неколку меча, вклучувајќи го тука и Купот игравме сосема солидно. Создадовме и шанси но ете, никако да ги реализираме. Време е и тоа да се промени. Да почнеме да реализираме, а со самото тоа ќе дојдат и победите. Арсими? Добар тим, играат и повеќе од солидно сезонава. Но ние веќе немаме право на кикс особено на домашен терен. Одиме по позитива денес и да стартуваме серија која што на Тиквеш ќе му донесе мир и стабилност во понатамошниот дел од шампионатот“, изјави Дарко Илиески.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













