Вечерашните натпревари во Конференциската лига донесоа неколку големи изненадувања, а едно од најголемите го приреди AEK Ларнака. Кипарскиот тим стигна до сензационална победа над Кристал Палас во Лондон со 0-1. Единствениот гол го постигна Ријад Бајиќ во 51. минута, носејќи триумф кој ја шокираше англиската публика.
Исто така, сензација направи и Линколн од Гибралтар, кој како домаќин го совлада полскиот тим Лех со 2-1. Гомез донесе водство за Линколн во 33. минута, Ишак изедначи од пенал во 78., а историскиот триумф за домаќините го комплетира Рутјенс во 88. минута.
Зрињски загуби на гостувањето кај Мајнц со 1-0, а голот го постигна Вајпер во 24. минута. Дарко Велковски остана на клупата.
Сигма Оломук ремизираше против Раков (1-1), а Тихо Костадинов одигра еден час.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













