
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, потврди дека клубот не добил понуда од Саудиска Арабија за нивниот најдобар стрелец Мохамед Салах. Во последните денови се шпекулираше дека Ал-Итихад планира да им понуди на „црвените“ 100 милиони фунти за Египќанецот, кој дури и се согласил на преселба во клубот во кој веќе се Карим Бензема, Н’Голо Канте и Фабињо.
Сепак, Клоп е дециден дека дури Ливерпул и да добие ваква примамлива понуда, одговорот на клубот ќе биде негативен.
„Тешко е да се коментираат приказните во медиумите бидејќи од наша гледна точка воопшто нема за што да се зборува. Салах е од суштинско значење за нас. Ништо, не добивме никаква понуда. Дури и да има такво нешто, одговорот би бил „не“. Тој е 100% посветен на Ливерпул“, изјави Клоп на денешната прес-конференција.
За претстојниот дуел со Њукасл, Германецот вели:
„Тоа е неверојатно силен тим. Нивниот пласман во Лигата на шампионите е целосно заслужен. Тимот има огромен развој под водство на Еди Хау. Покрај тоа, тие беа многу паметни на трансфер пазарот. Сандро Тонали и Харви Барнс се многу добри фудбалери. Њукасл игра многу интензивен фудбал и поддршката од публиката е огромна, па затоа е многу тешко гостување.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал
