
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека би сакал да се потпре на Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и на Фабињо на решавачкиот натпревар од Премиер – лигата против Вулверхемптон в недела, но потенцираше дека тоа ќе се случи само доколку не постои ниту најмал ризик за обновување на повредите.
Ливерпул мора да ги победи „волците“ на „Енфилд“ и да се надева дека Манчестер Сити ќе загуби бодови против Астон Вила за да ја освои втората шампионска титула во последните три години. Сепак, тимот го очекува и финале во Лигата на шампионите во Париз на 28 мај, против Реал Мадрид.
Салах и Ван Дајк го пропуштија мечот оваа недела против Саутемптон поради повреди здобиени во финалето на ФА Купот, додека Фабињо заработи повреда на мускулот на мечот со Астон Вила.
„Ситуацијата изгледа добро, момците се опоравуваат, но ќе видиме. Мојата желба е да играат за да влезат во ритам. Но, не можам да кажам 100 отсто“, изјави германскиот стратег.
„Ја разбирам борбата на Салах со Хјонг-мин Сон за голгетерската награда, но нема да ризикуваме непотребно. Мо исто така не сака да ризикува, нема сомнеж во тоа“, изјави менаџерот на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
