Connect with us

Клоп: Ќе бидам казнет, но мораше да досудат пенал за Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги пофали своите играчи по ремито 1-1 со Манчестер Сити во дербито од 28. коло на Премиер – лигата. Германскиот стратег остана незадоволен од судењето, критикувајќи ја ситуацијата на крајот од мечот кога имаше контроверзен момент дали требало да има пенал во корист на „црвените“.


„Во второто полувреме го видов нашиот најдобар настап откако играме против Манчестер Сити. Никогаш не сме притискале вака, никогаш не сме направиле толку добри работи. Во вториот дел бевме совршени и јас сум многу среќен, можеби освен во првите минути од натпреварот. Каков натпревар!“, започна Клоп.

„Да, и тие имаа шанси, но на позадината на она што го создадовме и требаше да ни биде досуден пенал, направивме добри работи. Мора да зборуваме за овие работи, тоа беше пенал. Ваквите одлуки одлучуваат кој ќе победи. Нели е присуството на ВАР за да може да донесе правилна одлука, а тоа е пенал. Секаде ваков старт е фаул, зошто не е фаул во шеснаесетникот“, додаде стратегот.

„Тој ја игра топката, но го удира нашиот играч и тоа е опасна игра. Најлесната одлука е онаа што можеше да ја донесе судијата. Ќе бидам казнет, ​​но кога ќе има пенал, тој мора да се досуди, без разлика во која минута е“, заклучи Клоп.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови