Connect with us

КЛ: Лацио и Вилјареал елиминирани, како и АЕК Ларнака на Тричковски (ВИДЕО)

Иван Тричковски и АЕК Ларнака се слиминирани од Конференциската лига на УЕФА. Кипарскиот тим загуби убедливо на гости кај Вест Хем со 4-0, а Тричко остана на клупата.

Џанлука Скамака донесе водство во 21.минута, а на почетокот на вториот дел Џерод Боувен даде два гола за две минути и го реши мечот. Последниот гол го постигна Мубама.

Лацио е елиминиран од АЗ Алкмар, откако повторно загуби со 2-1. Фелипе Андерсон во 21. минута донесе водство за Лацио, но изамни Карлсон седум минути подоцна. Павлидис донесе триумф за АЗ Алкмар во вториот дел.


Андерлехт го елиминира Вилјареал откако славеше на „Естадио де ла Серамика“ со 0-1. Првиот меч во Белгија заврши 1-1.

Ислам Слимани во 73. минута го постигна победничкиот гол за Андерлехт.

Ница со 3.1 го победи Шериф и со втора победа се пласира меѓу осумте најдобри.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови