Челси оствари значајна победа на гостувањето кај Копенхаген (1-2) во осминафиналето од Конференциската лига, носејќи предност пред реваншот на „Стемфорд Бриџ“. Лондонскиот тим се соочи со цврст противник и првиот дел заврши без голови.
Рис Џејмс го отвори резултатот во 47. минута, а Енцо Фернандез го зголеми водството. Домаќините намалија преку Габриел Переира во 80. минута, но немаа сили за изненадување.
🚨🇪🇺 GOAL | Copenhagen 0-2 Chelsea | Enzo Fernandez
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) March 6, 2025
ENZO FERNANDEZ DOUBLES THE LEAD FOR CHELSEA!pic.twitter.com/shSftXA1M8
Фиорентина доживеа неочекуван пораз од Панатинаикос (3-2) во Атина. Грчкиот тим поведе со головите на Свидерски и Максимовиќ, но Белтран и Фаџоли брзо израмнија. Победничкиот гол за домаќините го постигна Тете во второто полувреме.
Бетис и Викторија Гимараеш одиграа возбудлив натпревар (2-2) на „Бенито Виљамарин“. Бакамбу донесе водство за шпанскиот тим, Мендес израмни, а Иско повторно го доведе Бетис во предност. Сепак, Оливеира во завршницата донесе реми за гостите.
Молде триумфираше против Легија со 3-2. Хестад, Ериксен и Гулбрандсен ја донесоа големата предност за норвешкиот тим во првиот дел, но Легија се врати со голови на Чодина и Лукинас. Полскиот тим, сепак, не успеа да стигне до целосен кам-бек.
Реваншите ќе се одиграат следната недела.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Паладино е нов тренер на Аталанта
Евро-фудбал
Рома најмалку еден месец без Артем Довбик
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













