Фиорентина беше убедлива во досегашниот тек од Конференциската лига на УЕФА, но Базел дојде на „Артемио Франки“ со цел да победи – и успеа во тоа. Швајцарскиот тим ги изненади „виолетовите“ и славеше со 1-2.
Артур Кабрал ја доведе Фиорентина во водство, а израмни Енди Диуф во 71.минута. Во судиското продолжение, Зеки Амдуни се погрижи за пресврт и за триумф на Базел.
GOAL | Fiorentina 1-2 Basel | Zeki Amdounipic.twitter.com/Fef8lWQ4OA
— VAR Tático (@vartatico) May 11, 2023
Вест Хем дома славеше против АЗ Алкмар со 2-1. Холанѓаните имаа предност на полувремето со голот на Тијани Реиндерс, но англискиот премиерлигаш направи пресврт во вториот дел.
Саид Бенрама израмни од пенал во 67.минута, а девет минути подоцна Микаел Антонио стрелаше за триумф на Вест Хем.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski