
Новиот тренер на Интер, Кристијан Киву, со голема возбуда го презеде кормилото на првиот тим токму во моментите пред Светското клупско првенство. Романскиот стратег го замени Симоне Инзаги во итна постапка и веќе се наоѓа со тимот во САД, каде „нероаѕурите“ во среда наутро го започнуваат настапот против Монтереј.
„Веќе бев дел од Интер како тренер на младинците, но ова е посебно. Да бидам предводник на првиот тим – тоа е огромна одговорност. Го сакам тој дух, тоа што значи да се биде дел од Интер, да го пренесам на играчите. За мене, овој клуб претставува гордост и лојалност. Тоа е Интеризмот, кој Марота добро го разбира“, изјави Киву, кој од 2007 до 2014 година беше дел од трофејната генерација на Интер.
Киву најави дека нема да прави радикални промени, туку ќе ја продолжи добрата работа на Инзаги.
„Ова е еден од најсилните тимови во Европа, резултатите во Серија А и Лигата на шампионите тоа го потврдуваат. Имаме обврска да се натпреваруваме на највисоко ниво, заради грбот што го носиме.“
„Во Интер нема простор за зборот ’неуспех’“
На прашањето дали сезоната на Интер може да се смета за неуспешна, Киву беше категоричен:
„Неуспех не постои во фудбалот. Секогаш мораш да се бориш до крај. Овој тим не бара виновници – и токму тоа ме уверува дека сме на добар пат.“
Тој откри и дека имал намера да остане во Парма, но кога стигнал повикот од Интер, веднаш побарал дозвола од претседателот Федерико Керубини да замине.
„Јасно е – Интер за мене е нешто специјално. Овде сум веќе многу години, и тоа многу ми помага.“
Поддршка од Мурињо и легендите од 2010
„Разговарав со Мистер Мурињо. Имаме долгогодишна врска. Од играчите со кои ја освоивме тројната круна добив многу пораки. Сè уште сме голема група пријатели – тоа не се заборава. Посебните честитки ќе останат меѓу нас, но морам да признаам – ми значат многу“, додаде Киву.
Мхитарјан? Возрастa не е проблем!
На прашањето дали ќе смета на ветеранот Хенрих Мхитарјан, Киву беше дециден:
„Поставивте погрешно прашање. Не е важно дали некој има 36 години, туку каков е како човек и професионалец. А Мики секогаш покажува мотивација, енергија и беспрекорен пристап. Возрастa е само број.“
Во однос на својот претходник, Киву додаде:
„Со Симоне сме во добри односи. Се слушнав со него пред да ме повика Интер. Му посакав среќа и успех. Оттогаш не сме разговарале, но секогаш ќе го почитувам.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Баерн ги растури аматерите од Оукленд

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
