Атлетико Мадрид го порази Реал Мадрид со 5-2 во градското дерби од седмото коло на Ла Лига, постигнувајќи пет гола против ривалот по речиси 75 години. Ова е само четврти пат во историјата „душекчиите“ да постигнат најмалку пет погодоци против „кралевите“.
Последен пат тоа се случи во ноември 1950 година, кога Атлетико славеше со 6-3.
Овој пораз е прв за Реал Мадрид сезонава под водство на Чаби Алонсо, по серијата од шест последователни победи во Ла Лига и триумфот во првиот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите.
Дополнително, поразот носи и историска негативна статистика за фудбалерите на Реал Мадрид – последен пат примиле пет гола во натпревар од шампионатот во октомври 2018 година, кога беа поразени со 1-5 од Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за дуелот со Реал Сосиедад
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













