Connect with us

Кировски: Струга е тешко гостување, но Работнички е во победнички налет

Струга Трим Лум и Работнички денеска (13 часот) ќе имаат интересна пресметка крај езерото. Целта и на двете екипи е да скокнат позиција или две погоре и да го заземат сегашното место на Македонија ЃП кое носи излез на европска сцена.


Работнички по два успеси на домашен терен сака да продолжи во позитивен тренд и на гостувањето кај Струга Трим Лум. Дефанзивецот Андреј Кировски верува дека „романтичарите“ можат да остварат позитивен резултат на струшкото крајбрежје потенцирајќи дека тимот има максимален респект за денешниот ривал.


„Струга Трим Лум е навистина квалитетен состав, посебно добро игра на домашен терен. Но, ние сме во победнички налет и ќе се обидеме тоа да го искористиме на денешниот меч. Почнува пресметката за третото место на табелата, а ние ќе сториме се за да ја исполниме нашата цел. Тимот ја има потребната самодоверба и едноставно треба да ги исполниме задачите на шефот Александар Влахо на овој важен дуел“, вели Андреј Кировски.


Стружани ја загубија можноста преку Купот да изборат излез во Европа, па сега се максимално фокусирани на првенството. Тренерот Срѓан Захариевски најави дека триумфот против Борец во Велес ќе значи многу за атмосферата во неговиот состав на наредните натпревари.


„Во Велес освоивме три бода кои ќе ни значат многу во следните натпревари“,
истакна Захариевски.

На останатите натпревари, Вардар и Ренова ќе имаат директен дуел за опстанок, Силекс гостува кај Пелистер во Битола, Шкупи е домаќин на Беласица, а Шкендија ќе го пречека тимот на Академија Пандев. Македонија ЃП ќе го нагости Борец во Ѓорче Петров.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови