
Европскиот првак Баерн Минхен ќе има тешка мисија во Париз, треба да ја надомести негативата (2-3) од првиот меч на „Алијанц арена“. Германскиот менталитет секогаш верува во успех, а тоа го потврдува и репрезентативецот Џошуа Кимих.
„Уверен сум дека ќе успееме да се пласираме во следната рунда. Ќе го победиме ПСЖ во Париз. И на првиот натпревар бевме многу подобри, но затаивме со реализацијата. Ќе се вратиме посилни на утрешниот реванш и ќе победиме. Менталитетот на Баерн е победнички, тоа ќе го покажеме во реваншот“, изјави Кимих.
И на вториот натпревар против ПСЖ, европскиот првак Баерн Минхен ќе мора да настапи без најдобриот фудбалер Роберт Левандовски. Тој денеска почна со лесни тренинзи, но не отпатува со тимот во Париз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
