Новиот тренер на Вилјареал, Кике Сетиен, откри дека Барселона се уште му должи пари. Сетиен ја презеде Барса на почетокот на 2020 година, но беше отпуштен во летото истата година по понижувачкиот пораз од Баерн Минхен (2-8). Неодамна Сетиен беше назначен за нов тренер на Вилјареал.
„Финансиската криза имаше големо влијание врз ова. Ова го кажувам бидејќи сè уште не ме исплатиле целосно. Во исто време, нема да брзам, подготвен сум да им дадам онолку време колку што им треба. Се е во ред“, изјави стратегот за „Мундо Депортиво“.
Според информациите, Барселона има договор со тренерот за парично обештетување кое е во висина од околу 4 милиони евра.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski