Приврзаниците на Челси му оддадоа почит на Тијаго Силва на спектакуларен начин пред неговиот последен натпревар за клубот. 39-годишниот дефанзивец неодамна објави дека ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ и ќе прејде во Флуминенсе. Неговиот договор со лондончани истекува на крајот од актуелната сезона.
Пред неговиот последен натпревар за „сините“, поддржувачите на „Стемфорд Бриџ“ приредија фантастично шоу, откривајќи два брилијантни транспаренти со ликот на Тијаго Силва како благодарност.
По крајот на натпреварот, фудбалерот со убави зборови им се обрати на навивачите. Дефанзивецот не можеше да ги сокрие солзите.
„Прво, ве сакам многу. Сакам да ви се заблагодарам на сите. Мојот сон е еден ден да ги видам моите два сина како играат за Челси. Ве сакам многу и ќе ми недостигате“, сподели Тијаго Силва.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













