
За време на цермонијата во Лондон, каде Хари Кејн беше прогласен за “Играч на годината” во Премиер – лигата, напаѓачот искажа јавно незадоволство од фактот што нема освоено ниту еден трофеј во својата кариера.
“Индивидуалните награди се одлични, тие се фантастични достигнувања. Но, мојата цел е да освојам колективни трофеи со клубот. Колку и да е добра оваа награда, повеќе би сакал да освоиме трофеј со тимот, но ние не го правиме тоа. Сепак, таква е ситуацијата, слаткогорчлива”, изјави напаѓачот.
Кејн е еден од најдобрите напаѓачи во светот, и после оваа изјава, 27-годишниот фудбалер може да си замине од Англија во текот на летниот преоден рок, тврдат англиските медиуми.
Со текот на годините, Манчестер Јунајтед честопати се поврзуваше со англискиот репрезентативец, а тимот на Оле Гунар Солскјер сè уште е во потрага по нов напаѓач, особено поради неизвесноста околу иднината на Единсон Кавани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ
