 
																												
														
														
													Вардар доживеа дебакл во Кратово, загуби од Силекс со 6-0 и падна во опасната зона на табелата. Најтрофејниот македонски клб денеска (13 часот) има уште еден важен испит, исто така директна пресметка за опстанок против Ренова. Главното прашање е дали младите фудбалери ќе успеат психолошки да се вратат по убедливиот пораз и да се покажат во сосема поинакво издание против Ренова. Едноставно ќе мораат, затоа што позицијата на вардарци на табелата воопшто не е сјајна.
Академија Пандев загуби од Шкупи (0-1) во Струмица во минатото коло, а сега оди на гости кај лидерот Шкендија. Тимот на Александар Васоски има четири бода повеќе од најзагрозените Ренова и Вардар и не смее да си дозволи луксуз повторно да загуби. Ќе биде тоа интересен дуел во Тетово.
Шкупи очекува „лесни три“ против Беласица, а Македонија ЃП ќе има тежок дуел против Борец. Неизвесно ќе биде и во Струга каде домаќинот го пречекува Работнички. Пелистер и Силекс ќе водат голема битка за бодови за опстанок.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														