
Најтрофејниот македонски клуб Вардар и понатаму тоне на табелата во Првата лига, а тоне и во долгови кои се наталожени под раководство на спонзорот Сергеј Самсоненко. Неофицијално, долговите достигнуваат до 4 милиони евра, а тој повторно го понудил да го врати на Град Скопје, со напомена дека ќе се обврзе да ги врати долговите, направени заклучно со 31.12.2020 година, во период од една дополнителна година.
Ова значи дека Град Скопје треба да се согласи да го преземе клубот со долгови, што досега за градоначалникот Петре Шилегов беше спорно. Тој во неколку јавни настапи велеше дека нема да ги оптоварува граѓаните на Скопје со долговите направени од претходното раководство на ФК Вардар.
Сепак, се ближат избори, па мора да се постигне некаков договор и македонскиот фудбалски бренд мора да биде спасен. Отсекогаш Вардар бил во вртологот на политичките игри, а така е и овојпат. Вардар мора да биде вратен на Град Скопје, а потоа да се отвори патот за влез за нови инвеститори во најтрофејниот клуб.
На пет кола до крајот на првенството во Првата лига, Вардар е во опасната зона на табелата и му се заканува испаѓање во понизок ранг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Интернационалци
Енис Барди потпишува за Коњаспор

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе
