
Претстојниот викенд треба да стартува новата сезона во Првата лига, но се уште е неизвесно дали в недела (8 август) ќе стартуваат прволигашките возбудувања. Клубовите ги мачат неколку прашања, пред се протоколите за организација на натпреварувањето и дали се уште ќе мора екипите да прават задолжителни ПЦР – тестови пред секое коло. Тоа значајно го оптоварува буџетот на клубовите и речиси е неиздржливо за нив да ја реализираат сезоната. Дел од клубовите се и комплетно вакцинирани.
Од друга страна, Комисијата за заразни болести дозволи во сите сектори максимално олабавување на мерките и организација на концерти, прослави, свадби и други манифестации со големо присуство на публика, каде ПЦР – тестови не се задолжителни, ниту пак се носат маски на отворено. Според ова, фудбалските клубови, а и сите спортски субјекти во Македонија се ставени во нерамноправна позиција и за тоа ќе мора да реагира ФФМ, да има реакција од Агенцијата за млади и спорт, која треба конечно за нешто да помогне и во фудбалот.
Ова е клучното прашање што македонските фудбалски прволигаши ќе го разговараат со челниците на Фудбалската федерација на Македонија на денешниот состанок, кој е закажан за 12 часот.
Второ суштинско прашање се ТВ правата, договорот со регионалниот спортски канал „Арена Спорт“ за новата сезона, колкави финансии им припаѓаат на клубовите и како сето тоа ќе биде распределено.
Ќе биде многу жешко во просториите на ФФМ…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski