Македонскиот спорт би можел да доживее тотален колапс ако во наредните три дена не биде изгласан новиот Закон за спорт. Предлог-измените се однесуваа на користење ваучери, односно новиот закон требаше да понуди посоодветен начин на распределба на финансиите, но и нивно директно префрлување преку Управата за јавни приходи.
Гласањето на измените во Законот за спорт беа ставени на дневен ред на 138. седница на Собранието, но сега неочекувано се повлечени. Ова предизвика многу сомнежи кај спортските клубови и федерации, дали ќе биде изгласан на време за да влезе во процедура и парите навреме да легнат на сметките на субјектите.
Во пресрет на парламентарните избори, неизвесно е дали ќе успее сето ова да се реализира.
Доколку ова не се случи, тогаш на македонскиот спорт му се заканува тотален крах.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













