Connect with us

Ќе го „одмрзне“ ли некој Вардар? Единствениот прволигаш без стартувани подготовки

Пишува: Никола Ѓуровски

Скопје е во минус поради зимските темпетатури, но Вардар е „замрзнат“ од други причини. Поради лошото раководење на челниците кои се во оставка, претседателот Мирко Спасески и пред се извршниот директор Самоил Симев, Вардар сега е оставен на цедило, без финансиско решение, со наталожени и неподмирени долгови од спонзорот Сергеј Самсоненко во висина од околу 2,4 милиони евра и без одлука да се стори нешто околу почетокот на зимските подготовки за натпреварување на тимот во пролетниот дел од првенството. 

Деновите си минуваат, останатите прволигаши тренираат веќе десетина денови, а Вардар гледа дежа ву од летните подготовки, кога исто така едвај стартуваше со работа и тоа само поради желбата и амбициозноста на тогашниот шеф на стручниот штаб Александар Васоски.

Сергеј Самсоненко, барем според најавите на неговите членови во раководството, Самоил Симев и Мирко Спасески, има обврска да ги подмири долговите до 31 јануари, но јавноста се помалку верува во такво идилично решение со оглед дека рускиот тајкун тоа можеше да го стори и многу побрзо, доколку имаше желба или пак финансии.

Вардар е „замрзнат“, сметката е блокирана, а единствените кои сега се трудат да го спасат се „Комитите“. Тие иницираат средби со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој треба да изнајде начин како да го врати клубот под раководење на градот, а потоа и да пронајде нов спонзор кој би вложувал во најтрофејниот македонски клуб.

За почеток, треба да се одблокира жиро-сметката, да се изнајдат финансиски средства за какво – такво функционирање на клубот и конечно, за почеток на подготовките. Ростерот и фудбалерите кои се на располагање сега се во втор план, прв приоритет е да има активна жиро – сметка, но и финансии барем за автобус, исхрана, струја и вода во објектите каде ќе се тренира…

Ќе го „одмрзне“ ли некој Вардар? Крајно време е… 

          

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови