 
																												
														
														
													Поранешниот шпански репрезентативец Санти Казорла одлучи да ја продолжи својата кариера за уште една сезона, потпишувајќи нов едногодишен договор со својот матичен Овиедо, соопшти клубот.
И покрај тоа што има 40 години, искусниот плејмејкер ќе продолжи да игра и во новата сезона, откако помогна Овиедо да избори промоција во Ла Лига. Тимот ќе настапува во шпанската елита за првпат по цели 24 години.
Казорла, кој има 81 настап за шпанската репрезентација и е двоен европски шампион (2008 и 2012), се врати во Овиедо во 2023 година кога тимот сè уште играше во втората лига.
Во својата богата кариера, Казорла остави силен впечаток и во Арсенал (2012–2018), а двапати го носеше и дресот на Вилјареал (2004–2011 и 2018–2020).
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														