
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Казахстан во квалификациски натпревар на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Избраниците на Благоја Милевски имаа неколку шанси во првиот дел, но не успеаја да ја начнат мрежата на противникот. Потоа неочекувано Казахстан дојде во водство со голот на Караман во 54.минута, а израмни Енис Барди со прекрасно изведен слободен удар во 74.минута.
Во 19.минута, гостите ја имаа првата посериозна можност. Една нафрлена топка од левата страна се одби над Столе Димитриевски, а за среќа напаѓачот Чесноков со глава ја упати над гредата.
Три минути подоцна со удар од далечина се закани и Кенжебек, но директно во добро поставениот Столе Димитриевски.
Во 24.минута, прва убава можност и за Македонија. Алиоски нафрли од левата страна, Милан Ристовски шутираше со глава, но Сејсен одбрани.
Многу посериозна беше шансата на Македонија во 34.минута. Илиевски нафрли од десната страна, Милан Ристовски зафати волеј, но голманот на Казахстан одбрани и исфрли во корнер.
По ударот од аголот, уште една закана од Милан Ристовски со глава, но повторно Сејсен успеа да одбрани.
Македонија и вториот дел го стартуваше со нагласена офанзива, Селекторот Благоја Милевски во игра ги уфрли Костадинов и Чурлинов, повлекувајќи ги Велковски и Миовски од теренот.
Во 52.минута, одличен центаршут испрати Бојан Илиевски од десната страна, а Милан Ристовски шутираше со волеј-удар, но повторно голманот Сејсен се испречи пред водството на Македонија.
На спротивната страна дојде казната. Казахстан дојде до предност во 54.минута. Динмухамед Караман ја искористи мешаницата во шеснаесетникот, и со удар со ножички од непосредна близина ја затресе мрежата на Столе Димитриевски.
Шест минути подоцна Македонија можеше до израмнување. Барди беше проигран на десната страна, тој од прва уфрли во петерецот, а Тихо Костадинов не успеа да реализира од изгледна позиција.
Тоа што не успеа Костадинов, го направи капитенот Енис Барди. Во 74.минута беше досуден слободен удар на 30 метри од голот на Казахстан, Барди ја намести топката и испрати проектил во горниот агол. Сејсен, голманот на гостите, конечно беше немоќен.
Во 84.минута, Македонија имаше шанса за пресврт. Елмас го проигра Трајковски, кој десно го имаше Чурлинов, но се обиде да шутира и погреши.
Во последните мигови, убава можност имаше и Никола Серафимов, но шутираше крај голот.
Белгија го победи Велс на гости со 2-4. Кевин де Бруин постигна два гола од пенал, а погодија и Томас Муние и Леандро Тросар. Велс на стартот дојде до предност со погодокот на Џо Родон, но потоа Белгијците направија комплетен пресврт. Вториот гол за Велс беше дело на Броудхед.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 – 8.КОЛО
МАКЕДОНИЈА – КАЗАХСТАН 1-1 (0-0)
Арена Тодор Проески. Судија: Мартинез (Шпанија). Стрелци: Барди 74′ (Македонија), Караман 54′ (Казахстан). Ж. картони: Алими (Македонија), Зајнутдинов, Каиров, Куат, Жумат (Казахстан).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (75′ Серафимов), Зајков, Велковски (46′ Костадинов), Алиоски, Алими (75′ Трајковски), Барди, Елмас, Миовски (46′ Чурлинов), Ристовски (62′ Растодер).
КАЗАХСТАН: Сејсен, Каиров, Касим, Алип, Вороговскиј, Зајнутдинов, Куат, Караман (70′ Калматов), Чесноков, Свиридов (61′ Шушеначев), Кенжебек (61′ Жумат).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
