
Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани наскоро треба да биде претставен како нов играч на легендарниот аргентински клуб Бока Јуниорс. Така Кавани по 16 години ќе се врати во Јужна Америка, откако во 2007 година го напушти уругвајскиот Данубио, а потоа импресионираше во дресот на Палермо, Наполи, ПСЖ и Манчестер Јунајтед. Негова последна станица во Европа е Валенсија.
Кавани во својата неверојатна кариера постигна повеќе од 400 гола и беше најдобар стрелец во историјата на ПСЖ додека рекордот не го собори Килијан Мбапе, а по Наполи, Бока треба да стане вториот клуб во неговата биографија што ќе го „дели“ со легендарниот Диего Марадона.
Актуелниот договор на Кавани со Валенсија е до следното лето, но шпанскиот клуб е подготвен да преговара за раскин. На Бока Јуниорс итно му е потребен Уругваецот и сака да го доведе пред следната недела за да може навреме да го пријави за осминафиналето од Копа Либертадорес против уругвајскиот Насионал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
