
Актуелниот селектор на Бразил и поранешен тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, доби затворска казна од една година поради даночен прекршок направен во 2014 година. Тој, сепак, беше ослободен од обвиненијата за ист вид на прекршок за 2015 година.
Иако формално казната е затворска, Анчелоти нема да оди во затвор, бидејќи според шпанските закони, прва казна под две години може да се одслужи условно.
Покраинскиот суд во Мадрид му изрече и дополнителни санкции – парична казна од 386.361 евра, како и тригодишна забрана за користење државни субвенции и даночни олеснувања.
И покрај тоа што за 2015 година беше ослободен, судот одлучи Анчелоти да го надомести истиот износ од 386.361 евра во државната каса.
Обвинителството го товареше дека во периодот додека бил тренер на Реал Мадрид, му наштетил на државниот буџет со вкупна сума од 1.062.079 евра – од кои 386.361 евра за 2014 година и 675.718 евра за 2015 година.
На судењето одржано во април, Анчелоти изјави дека немал намера да избегне данок и дека дејствувал според насоки од клубот и финансиските советници.
Тој побара ослободителна пресуда, а во случај на казна, побара судот да ги земе предвид олеснителните околности, меѓу кои и тоа што веќе го платил долгот до крајот на 2021 година, како и времетраењето на постапката.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
