Пелистер утре му гостува на Работнички во Скопје, а тренерот Димитар Капинковски верува дека неговиот тим ќе го задржи ритамот.
„Годи победата во „вечното дерби“ против Вардар и после таков триумф, атмосферата е позитивна. Но, ние со секој ривал, без разлика дали се викал Вардар или Работнички, мора да се надигруваме и да играме на победа, за да ги оствариме нашите амбиции – опстанок во лигата, по можност да го избегнеме и баражот. Работнички е многу квалитетна екипа, клуб со долга традиција и очекувам тврд и неизвесен натпревар. Одиме да се надигруваме, да се обидеме да постигнеме гол повеќе за позитивен резултат“, изјави Капинковски.
Пелистер се наоѓа на седмата позиција со 32 бода, а Работнички е на петтото место со четири бода повеќе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













