Connect with us

Капинковски: Никогаш не е лесно да го совладаш Вардар, Пелистер заслужи триумф

По два нерешени резултати во претходните дерби дуели оваа сезона, Пелистер конечно го совлада Вардар со 2-0, со двата гола на Борче Маневски. Овој триумф е прв на домашен терен по децениска пауза, во која ривалите или не се среќаваа или играа нерешено или победуваа вардарци.


Тренерот на Пелистер, Димитар Капинковски, вели дека триумфот на неговиот тим е сосема заслужен.

„Мислам дека заслуживме да победиме,честитки за моите фудбалери. Од почетокот влеговме сериозно, креиравме повеќе шанси, постигнавме два гола и заслуживме да се радуваме. Сепак е ова најголем натпревар во мак-фудбалот, игравме по лошо време и натопен терен и треба да им се честита на фудбалерите. Направивме голем чекор кон остварување на целта и овие три бода ќе ни дадат дополнителна самодоверба. Честитки и за Вардар, покажаа дека де одлична екипа, полна со младински репрезентативци и никогаш не е лесно да го совладаш Вардар“, изјави Капинковски.

Во следното коло Пелистер гостува кај Работнички, следниот викенд во рамките на 26. коло на Првата лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови