
Пелистер обезбеди опстанок, а за крај на сезоната под „Тумбе кафе“ гостува последнопласираниот тим на Беласица. Ќе биде тоа ревијален натпревар, а Димитар Капинковски очекува триумф и многу голови.
По победата од 0-2 на „Благој Истатов“ во октомври и минималната победа од 1-0 во Битола во декември во последното коло минатата година, Пелистер и Беласица ќе се соочат за бодови по третпат оваа сезона, вторпат во Битола.
Тренерот Димитар Капинковски најавува промени во тимот и атрактивен фудбал.
„Кога дојдов во Пелистер бевме претпоследни и само со дванаесет бода. Во овој период освоивме 30 бода, па во вториот дел на сезоната сме второ-трето место. Имаме голем напредок во бодовно салдо и обезбедивме опстанок без бараж на две кола до крајот, што ни беше единствена цел. Растоварени ќе го играме дуелот со Беласица. Да одиграме допадливо, како и досега, со голови и позитивна атмосфера“, вели Капинковски.
Пелистер има седум победи на исто толку домашни натпревари оваа пролет.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Јури Тилеманс е новиот капитен на Белгијците

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации
