Connect with us

Каиседо останува во Брајтон до 2027 година

Мојсес Каиседо, потпиша нов долгорочен договор до 2027 година, иако оваа зима беше пред трансфер во Арсенал или во Челси. „Топчиите“ имаа два обиди да го купат 21-годишниот играч за врска во јануари, но Брајтон тоа го одби. Челси исто така понуди огромна сума, но не успеа да го доведе.


Брајтон успеа да го задржи со нов договор до 2027 година, со опција за уште една дополнителна сезона.

„Ова е фантастична вест за клубот, нашите навивачи, за мене и што е најважно за Мојсес. Тоа ќе не направи посилни додека одиме напред кон остварување на нашите цели“, изјави менаџерот Роберто Де Зерби.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови