Connect with us

Каде „исчезна“ Меси? Не дојде на тренинг откако разбра дека фановите на ПСЖ ќе го исвиркуваат?!

По елиминацијата од Лигата на шампионите, атмосферата во тимот на ПСЖ не е на потребното ниво, а најновата вест која ја преокупира француската јавност е каде исчезнал Лионел Меси.
Аргентинецот не се појавил на вчерашниот тренинг на тимот, а „Л’Екип“ тврди дека нема официјални информации дека Меси е повреден.


„Светците“ оваа недела играат против Рен во францускиот шампионат и тоа е единственото натпреварување во кое имаат шанса за освојување трофеј. Амбициите на клубот секако беа многу поголеми, пред сѐ пехарот во Лигата на шампионите, кој и натаму останува недостижен.

Ултрасите на ПСЖ најавија дека ќе го исвиркаат Меси на следниот натпревар, затоа што сметаат дека е премногу платен, а дека нема решавачка улога на најважните натпревари на тимот во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови