Јувентус ја победи Парма со 3-1 и го чува курсот за пласман во Лигата на шампионите. По овој триумф „старата дама“ со 65 бода се искачи на третото место, но Аталанта има меч помалку.
Парма поведе со голот на Гастон Бругман во 25.минута, а израмни Алекс Сандро пред крајот на првиот дел. Бразилецот на почетокот на второто полувреме се погрижи за пресврт, а Матијс де Лихт со удар со глава по корнерот од левата страна го постави конечниот резултат во 68.минута.
Џенова и Беневенто ремизираа (2-2), а Горан Пандев ги постигна двата гола за Џенова и стигна до бројката од 100 погодоци во Серија А. Фантастично остварување на македонскиот ас.
Интер ремизираше 1-1 на гости против Специја, а Илија Несторовски одигра половина час во поразот (0-1) на Удинезе против Калјари на домашен терен. Сампдорија го совлада Кротоне на гости со 0-1, а Болоња и Торино ремизираа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













