Јувентус со големо внимание ја следи ситуацијата околу шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон. Според последните информации, интересот од англиските гиганти Арсенал и Манчестер Јунајтед се намалува, што „старата дама“ може да го искористи и да се обиде да го доведе напаѓачот во своите редови, пренесува португалскиот весник „Рекорд“.
Ѓокереш е едно од најпосакуваните имиња на трансфер пазарот ова лето, благодарение на феноменалната статистика од 54 голови и 13 асистенции во само 52 официјални натпревари за Спортинг оваа сезона. Првично се очекуваше тој да се пресели во Премиер – лигата, а интерес за него покажуваа Манчестер Јунајтед и Арсенал. Меѓутоа, самиот играч ја одби понудата на „црвените ѓаволи“, додека „топчиите“ се насочија кон Бењамин Шешко од Лајпциг, па Ѓокереш остана во втор план.
Со пласманот во Лигата на шампионите и учеството на Светското клупско првенство ова лето, Јувентус е во потрага по заменик за Душан Влаховиќ, кој најверојатно ќе го напушти клубот. Виктор Ѓокереш се смета за идеален кандидат за оваа улога.
Главниот проблем за евентуален трансфер во Торино е неговата висока цена. Првичните информации укажуваа на договор помеѓу играчот и Спортинг за трансфер од околу 70 милиони евра. Сепак, од „Жозе Алваладе“ ги демантираа овие тврдења и сега ќе бараат многу повисока сума, што во овој момент може да претставува голем финансиски товар за Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













