Јувентус дејствуваше брзо за да ја пополни празнината што ја остави заминувањето на Игор Тудор и постигна начелен договор со Лучијано Спалети.
Според италијанските медиуми, искусниот стратег ќе го преземе кормилото на тимот, враќајќи се на клупата по своето заминување од селекторската функција во италијанската репрезентација.
Договорот предвидува соработка до јуни 2026 година, со можност за продолжување на уште една сезона. Активирањето на оваа опција ќе зависи од тоа дали Јувентус ќе избори пласман во Лигата на шампионите во следната натпреварувачка сезона.
Според најновите информации, Спалети ја добил „трката“ за наследник на Тудор, оставајќи зад себе други кандидати како Роберто Манчини и Рафаеле Паладино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија













