Јувентус е заинтересиран да го доведе хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ од Челси, пренесува италијанскиот „Калчомеркато“ и тврди дека овој трансфер би бил најголемото изненадување на овој преоден рок.
Менаџерот на Челси, Грем Потер би сакал да постигне договор со Јувентус за перманентен трансфер на Денис Закарија во Лондон. Швајцарскиот играч за врска моментно е на позајмица во Челси, а лондонскиот клуб веќе започнал преговори околу купувањето на овој одличен фудбалер.
Ковачиќ би можел да биде клучен при овој трансфер.
Челси е подготвен да го пушти 28-годишниот Ковачиќ, чиј договор истекува следното лето, доколку Јувентус го вклучи Закарија во таа зделка и плати уште 20 милиони евра за да дојде до сумата од 40 милиони евра на која е проценет Ковачиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија













