
Јувентус има намера на лето да го врати Пол Погба и му подготвува понуда одличен договор на францускиот интернационалец. Договорот на 28-годишниот играч за врска со Манчестер Јунајтед истекува на крајот од сезоната и не се очекува да го обнови, со што ќе заврши неговиот шестгодишен престој на „Олд Трафорд“.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, сака повторно да го врати Погба во Торино.
„Бјанконерите“ размислуваат да му понудат плата од 7,5 милиони евра по сезона, исто колку и на Душан Влаховиќ, плус дополнителни бонуси со кои сумата може да достигне до вкупно зголемување од 10 милиони евра по сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal