Раководството на Јувентус до крајот на оваа седмица ќе одржи нова рунда преговори со агентот на напаѓачот Пауло Дибала. Доколку страните не успеат да постигнат договор, клубот од Торино е подготвен да ги прекине понатамошните преговори, тврдат италијанските медиуми.
Јувентус е подготвен да му плаќа на Дибала 7 милиони евра по сезона, плус 3 милиони во вид на разни бонуси. Јувентус бара од агентот на Дибала, Хорхе Антун, да се откаже од голем дел од провизијата за договорот.
Во сезоната 2021/22, Дибала одигра 27 натпревари за Јувентус, постигнувајќи 12 гола, а забележа и шест асистенции.
Напаѓачот настапува за Јувентус од јули 2015 година, а актуелниот договорот на Аргентинецот со клубот има важност до крајот на јуни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













