
Борусија Дортмунд беше на чекор од сензационален триумф во Торино, каде водеше со 2-4 против Јувентус, но „старата дама“ успеа во драматична завршница да извлече бод – 4-4. Сите осум погодоци беа постигнати во второто полувреме.
Прво Адејеми донесе водство за Германците, Јилдиз израмни, а Нмеча повторно ја врати предноста на гостите. Влаховиќ веднаш одговори за 2-2, но Коуто и Бенсебаини до 86. минута ја зголемија предноста на Борусија на два гола.
🚨🇪🇺 LLOYD KELLY HAS EQUALIZED IN THE 96TH MINUTE FOR JUVENTUS !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! THIS GAME IS ABSOLUTELY CRAZY !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) September 16, 2025
Juventus 4-4 Dortmund.pic.twitter.com/XhFeXQu93A
Сепак, Јувентус не се предаде – Влаховиќ намали во 94. минута, а Лојд Кели со гол во 96-тата ја запечати спектакуларната завршница.
Во Мадрид, Реал со играч помалку го совлада Олимпик Марсеј со 2-1. Тимоти Веа во 22. минута донесе водство за Французите, но Килијан Мбапе со два реализирани пенали обезбеди победа за „кралевите“, иако тие од 72. минута играа без исклучениот Карвахал. Херонимо Рули се истакна на голот на Марсеј со дури 13 интервенции.
Карабах испиша историја во Лисабон совладувајќи ја Бенфика со 2-3. Домашните со головите на Баренечеа и Павлидис рано поведоа со 2-0, но гостите направија неверојатен пресврт. Андраде намали пред паузата, а Дуран и Кашчук во второто полувреме донесоа историска победа за азербејџанскиот тим.
Тотенхем на свој терен славеше против Вилјареал со минимални 1-0. Единствениот гол падна уште во четвртата минута, кога голманот на гостите, Луиз јуниор, несреќно ја спроведе топката во сопствената мрежа – грешка што на крајот го реши победникот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
