Connect with us

Јувентус ќе бара решение во своите редови доколку му даде отказ на Алегри

Јувентус можната замена за Масимилијано Алегри ќе ја побара во своите редови. Тој ќе добие уште една шанса да ги подобри резултатите на тимот, а доколку ракјоводството реши да му даде отказ, за што ќе мора да му исплати огромна сума како отштета, тогаш наследникот ќе го бара во Паоло Монтеро.


Поранешниот дефанзивец сега е тренер на тимот на Јувентус во Примавера. Пред да ги преземе талентите на „бјанконерите“, Уругваецот стекна искуство со екипите на Росарио, Сан Лоренцо и Колон Санта Фе во Аргентина.


Тренерската позиција на Масимилијано Алегри е сериозно разнишана. „Бјанконерите“ досега имаат само две победи во сите натпреварувања, а најголем срам беше поразот од последноплаираниот тим во Серија, Монца (1-0) во последното коло.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови