
Јувентус сака да го ангажира Игор Тудор како замена за Тијаго Мота, тврдат италијанските медиуми. Сепак, овие гласини засега не се потврдени од извори блиски до клубот.
Според информациите, Тудор не е заинтересиран за краткорочен договор како привремен тренер, туку чека долгорочен проект.
Италијанските медиуми шпекулираат за можното заминување на Тијаго Мота, кој го презеде Јувентус во јули 2024 година, откако претходно направи одлична работа со Болоња, обезбедувајќи место во Лигата на шампионите. Во Торино досега има 18 победи, 16 нерешени резултати и седум порази, а договорот му трае до летото 2027 година.
Голем дел од својата играчка кариера Тудор ја помина токму во Јувентус, каде што настапуваше од 1998 до 2007 година. Во летото 2020 година се врати во клубот како помошник на Андреа Пирло, но тој тренерски тим траеше само до крајот на сезоната. Во Италија двапати го водеше Удинезе, а беше и тренер на Верона, додека последната работа му беше во Лацио минатата година.
Исто така, Тудор има искуство како тренер на Хајдук, ПАОК, Карабукспор, Галатасарај и Марсеј, а беше и дел од стручниот штаб на хрватската репрезентација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
