Connect with us

Јувентус го претстави Спалети како нов тренер

Јувентус официјално објави дека Лучијано Спалети е нов тренер на тимот, со што го наследува Игор Тудор, кој беше разрешен од функцијата. Италијанскиот стратег потпиша договор до крајот на сезоната, но истиот ќе се продолжи автоматски за уште една година доколку клубот избори пласман во Лигата на шампионите.

Според информациите, Спалети без двоумење прифатил ваков тип на договор, иако првично посакувал тригодишна соработка. Тој неодамна одбил поволни понуди од Нотингам Форест и од Ал-Итихад, очекувајќи проект кој ќе го предизвика на спортско ниво. Со тоа, 66-годишниот тренер ќе седне на клупата на својот деветти италијански клуб — по Емполи, Сампдорија, Венеција, Удинезе, Анкона, Рома, Интер и Наполи, со кој ја освои титулата во Серија А во сезоната 2022/23.
Последно беше селектор на италијанската репрезентација, а единствената негова авантура надвор од земјата ја имаше со руски Зенит.

Спалети го презема Јувентус во момент кога тимот се наоѓа на седмата позиција во Серија А, со 15 бодови од четири победи, три ремија и два пораза. Во Лигата на шампионите пак, „старата дама“ има само два бода од три натпревари и е на 25-то место во генералниот пласман.

Својот деби натпревар како тренер на Јувентус, Спалети ќе го има во сабота, на гостувањето против новајлијата во Серија А, Кремонезе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови