Јувентус има сомнежи околу трансферот на Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед, па преговорите во моментов се во застој, според информации од Италија. Англискиот крилен напаѓач е на списокот на „старата дама“ веќе неколку недели, особено по завршувањето на неговата позајмица во Челси, каде лондонскиот клуб платил дополнителна сума за да го спречи трајното откупување.
Договорот на Санчо со Манчестер Јунајтед важи до крајот на сезоната, што принуди „црвените ѓаволи“ значително да ја намалат цената на играчот на околу 15 милиони евра, плус бонуси кои може да достигнат вкупно 17 милиони евра.
Иако трансферот изгледаше на добар пат, Јувентус сега се двоуми и го одложува финализирањето. Клубот од Торино не е сигурен дали Санчо е вистинско решение за крилната позиција, особено откако вчера инвестираше 32 милиони евра за Франциско Консеисао од Порто.
Во меѓувреме, Санчо не беше повикан во составот на Манчестер Јунајтед за претсезонската турнеја во САД, што јасно укажува дека 25-годишниот фудбалер не е во плановите на менаџерот Рубен Аморим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













