Манчестер Јунајтед уште еднаш го победи Бетис, на гости со 0-1 на гости и се пласираше во четвртфиналето на Лига Европа. Маркус Рашфорд беше стрелец за англискиот тим откако погоди во 56.минута. Јунајтед имаше предност од 4-1 и од првиот меч на „Олд Трафорд“.
Јувентус исто така со втора победа (0-2) над Фрајбург се пласираше во следната рунда. Душан Влаховиќ погоди од пенал во 45.минута, а Федерико Киеза го потврди триумфот.
Севилја загуби од Фенербахче во Истанбул со 1-0, но имаше два гола предност од првиот дуел (0-2), па исто така патува во четвртфиналето. Стрелец на голот за Фенербахче беше Енер Валенсија од пенал во 41.минута од мечот.
Феенорд го декласира Шахтјор Доњецк со 7-1 на домашен терен и заслужено оди понатаму, откако првиот меч во Варшава заврши 1-1. Кокчу беше двоен стрелец, како и Идриси, а во листата се запишаа и Хименез, Јаханбакш и Данило. За Шахтјор погоди Келси во 87.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













