
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го одреди стартниот тим за мечот против Фарски Острови, кој започнува од 15 часот на Националната арена „Тодор Проески“, последен од овој циклус во Лигата на нации.
На местото на повредениот Елиф Елмас, во средниот ред влегува Јани Атанасов, а капитенот Енис Барди ќе игра поблиску до противничкиот гол.
Дебитант во стартниот тим е Бојан Илиевски, кој влегува на местото на Бојан Димоски, на десната бековска позиција. Сето останато е исто како и на минатиот меч.
Трајковски и Чурлинов се по крилните позиции, а Бојан Миовски е во средишниот дел од нападот на Македонија.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ и Тотенхем во битка за Суперкупот на Европа
