Легендарниот поранешен тренер на Милан, Ариго Саки, ја коментираше одлуката на Расмус Хојлунд да го одбие трансферот во редовите на „росонерите“.
Иако данскиот напаѓач изразил желба да остане во Манчестер јунајтед, клубот е подготвен да го продаде или барем да го испрати на позајмица. Со пристигнувањето на Бењамин Шешко, Хојлунд ќе има ограничена минутажа на „Олд Трафорд“, па раководството веќе активно му бара нов клуб.
Милан, Баерн Минхен и уште неколку европски гиганти се заинтересирани, но Хојлунд засега не дал зелено светло за ниту една понуда – особено не за онаа што би го одвела на „Сан Сиро“.
Во разговор за „Газета дело Спорт“, Саки испрати директна порака до младиот напаѓач:
„Хојлунд не сака во Милан? Па, тој не е Ван Бастен. Ако Милан те повика, треба веднаш да ги спакуваш куферите и да се качиш на првиот авион. Манчестер јунајтед е исто така легендарен клуб, но таму ќе сторат сè за да те продадат, додека Милан ти нуди место на прв напаѓач. Што би избрал ти?“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













