Пари Сен Жермен, актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, и Тотенхем, победникот во Лига Европа, вечерва ќе се сретнат на „Фриули“ во Удине во борба за Суперкупот на Европа.
Минатата сезона беше историска за двата клуба. ПСЖ конечно ја оствари својата голема цел и стана само вториот француски тим кој ја освоил Лигата на шампионите, победувајќи убедливо со 5-0 против Интер во финалето. Тимот на Луис Енрике ја освои и тројната круна, но на Светското клупско првенство изненадувачки беше совладан со 0-3 од Челси во финалето. Поради доцниот почеток на подготовките и учеството на турнирот во САД, ПСЖ не одигра ниту еден пријателски натпревар пред овој дуел.
Тотенхем, пак, е во понапредна фаза од подготовките, со шест одиграни контролни средби, иако последната заврши со тежок пораз од Баерн Минхен. Летово клубот претрпе големи промени. Анге Постекоглу, кој по 17 години им донесе трофеј со победа над Манчестер Јунајтед во финалето на ФА купот, беше заменет од поранешниот тренер на Брентфорд, Томас Франк. Клубот се раздели со капитенот Хјонг-Мин Сон, а Џејмс Медисон доби сериозна повреда на лигаментите и ќе пропушти поголем дел од сезоната.
За Тотенхем ова е дебитантски настап во Суперкупот, додека ПСЖ последен пат играше во 1997 година, губејќи го трофејот од Јувентус со вкупни 2-9.
Ова лето ПСЖ се засили со голманот Лукас Шевалие од Лил, кој ќе го замени Џанлуиџи Донарума, и со Иља Забарњи од Борнмут, првиот Украинец во историјата на клубот.
Тотенхем го донесе Мохамед Кудус, ги откупи Матис Тел и Кевин Дансо, го позајми Жоао Палиња, а исто така ги додаде јапонскиот бек Кота Такаи и 16-годишниот талент Лука Душковиќ.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













