
Македонскиот фудбал од оваа сезона ги прошири хоризонтите, се отвори и регионално преку ТВ преносите на „Арена Спорт“, а Вардар заслужено стои на врвот на табелата по првата полуетапа, со завидна бодовна предност во однос на актуелниот шампион Шкендија и на освојувачот на Купот, Академија Пандев.
Колективот е најважен во фудбалската игра, но индивидуалниот квалитет многу често е пресуден за да го искачи тимот кон посакуваните височини.
Даниел Аврамовски е најдобриот играч во Првата фудбалска лига по есенскиот дел од сезоната. Неговите голови беа злато вредни за составот на Александар Васоски, најголем дел од нив постигнати во клучен момент за да се оствари триумф. Тој двапати беше прогласен и за играч на месецот според МАКФУДБАЛ.
„Ова беше речиси совршена полуетапа за Вардар. Заслужено сме на врвот, но ништо не е завршено, напролет не очекуваат уште поголеми предизвици за да се задржиме највисоко на табелата и да ја освоиме шампионската титула. Фудбалот е тимска игра, а кога игра добро екипата, тогаш и поединците ќе испливаат на површина. Вардар го краси заедништвото и тимскиот дух, оваа награда секако ја споделувам со сите соиграчи и со членовите на стручниот штаб, сите вработени во клубот. Се надевам дека ќе продолжиме во ист стил и во 2020. Би сакал на сите спортисти, фудбалери и фудбалски работници да им ги честитам новогодишните и божиќните празници и да им посакам многу здравје, среќа и успех во следната година“, вели Даниел Аврамовски.
Љупчо Дориев исто така беше во фокусот, главна алка во тимот на Академија Пандев, постигнуваше голови како од шега, но при крајот на полусезоната заработи посериозна повреда која го оддалечи од составот. И тоа веднаш се почувствува во резултатите на Академија Пандев. Да беше здрав и да играше во континуитет, ќе беше сериозна конкуренција на Аврамовски за најдобар играч на полусезоната во Првата лига.
Шкендија не беше тимот на кој навикнавме, имаше подеми и падови во шампионатот, а впечатокот е дека шампионската игра го добива потребниот сјај кога во вистински елемент е Арменд Алими. Кога „моторот“ диктира темпо, тогаш Шкендија игра победнички.
2019 година ја оставаме зад нас, Првата лига ни се враќа на сцена на крајот од февруари, а тогаш ќе биде уште повозбудливо, со оглед дека шампионскиот трофеј е крајната цел.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Сонот на Меси, страста на Мароко и демократијата на Катар
Светското првенство функционира секогаш и секаде. Нема ништо слично, тоа е најразновидниот настан во...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Играат добро, ама бадијала – ако не победуваат!
Каде бевте? На натпревар. Што направивте? Игравме добро. Не, не, што направивте? Резултат…Загубивме. Ама,...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
ПСЖ не го пушти Кејлор Навас во Нотингем Форест

Евро-фудбал
Реал ја одби понудата на ПСЖ за Марко Асенсио

Евро-фудбал
Реал остана без Менди во следните два месеци

Прва лига
Шкендија поразена од ЦСКА 1948

Евро-фудбал
Наполи ја тресна и Рома (ВИДЕО)

Прва лига
Алтипармаковски се враќа во Брегалница

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј го купи Унахи
