Истрагата за фудбалски обложувања во Турција се проширува со апсења на фудбалери од елитната дивизија, а тамошните медиуми пренесуваат нови детали, вклучително и сомнителни облози поврзани со натпреварот меѓу Фенербахче и Штутгарт.
Според весникот „Сабах“, истражителите се фокусираат на облог кој точно предвидел дека играчот за врска на Фенербахче, Исмаил Јуксек, ќе добие жолт картон во 98-мата минута од натпреварот во Лига Европа во октомври. Се тврди дека облогот бил поставен од Ерсен Дикмен, соработник на играчот на „жолтите“, Мерт Хакан Јандаш. И двајцата се во притвор и го чекаат судскиот процес за местење натпревари и незаконско обложување.
Mert Hakan Yandaş'ın arkadaşı Ersen Dikmen'in, "İsmail Yüksek kart görür" bahsini 23 Ekim'de Fenerbahçe-Stuttgart maçında 3 defa 2.93 orandan oynadığı ve kazandığı tespit edildi.
— Futbol Anadolu (@FutbolAnadolu) December 10, 2025
Yüksek, 90+8'inci dakikada tartışma nedeniyle sarı kart gördü. (Sabah) pic.twitter.com/k5XZLw3KEw
Фенербахче го совлада Штутгарт со гол од пенал, а ВАР поништи уште два други погодока.
„Сабах“ објави дека Јандаш префрлил пари на Дикмен, кој повеќепати поставувал облози специфични за играчи како Јуксек, како на пример „ќе добие картон“ и „ќе направи најмалку три прекршоци“.
Истражителите следеле повеќе натпревари на Фенербахче, вклучително и оној против Славија Прага во 2024 година. Се тврди дека Дикмен поставил 15 одделни облози дека Јуксек ќе направи најмалку три прекршоци. Јуксек направил пет фаули, со што сите облози биле добитни.
Во меѓувреме, напаѓачот на Штутгарт, Дениз Ундав, одговори на обвиненијата на прес-конференција. Ундав, кој беше вклучен во тепачката со Јуксек на самиот крај од натпреварот, изјави дека „не верува“ дека Јуксек го направил тоа намерно.
„Нормално е да добие жолт картон, дури и да не направил ништо, а јас да ја бев започнал тепачката“, додаде Ундав.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер остана без Ачерби до крајот на годината
Евро-фудбал
Конте: Веќе немавме сили, многу сме истрошени
Евро-фудбал
Спалети: На моменти играта ни беше срамна
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Евро-фудбал
Баерн се мачеше, но го победи Спортинг (ВИДЕО)













