Connect with us

Историска победа: Џирона ја нокаутира Барселона (ВИДЕО)

Џирона ја оствари историската прва победа (2-4) против Барселона на гости и се искачи на врвот на табелата во Ла Лига со 41 бод, два повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.

Помалиот каталонски клуб игра феноменално оваа сезона и реди победи. Тоа го почувствува и Барселона на Чави Хернандез која е поразена на „Монжуик“.

Довбик во 12.минута донесе предност за Џирона, но брзо израмни Левандовски. Сепак, Џирона замина на одмор со водство од 1-2, со голот на Мигел Гутиерез во 40.минута.

Валери во 80.минута зголеми на 1-3, а Гундоган даде мала надеж за Барса со голот во 91.минута. Но, Стауни стави крај на мечот со голот во 95.минута за огромен триумф на Џирона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови