
Шведскиот напаѓач Александер Исак, според медиумите, е „цврсто убеден“ дека неговиот престој во Њукасл се ближи кон крај, дури и ако долгоочекуваниот трансфер во Ливерпул не се реализира. Напаѓачот нема намера повторно да го облече дресот на Њукасл, бидејќи односите со клупското раководство се на најниско ниво.
Исак не одигра ниту еден претсезонски меч за Њукасл, додека Ливерпул внимателно ја следи ситуацијата. Според „Атлетик“, Швеѓанецот јасно ставил до знаење дека неговите денови на „Сент Џејмс Парк“ се изброени. Дури и ако трансферниот прозорец се затвори без договор, тој не планира да игра за клубот.
Причините датираат од летото 2023 година, кога му било соопштено дека нема да добие нов договор поради обврските за почитување на финансискиот фер-плеј. Иако неговиот актуелен договор трае до 2028 година, Исак тоа го сфатил како порака дека треба да се подготви за заминување по сезоната 2024/25. Од клубот, пак, тврдат дека таква одлука никогаш официјално не е донесена и дека напаѓачот планирал преговори за нов договор по завршувањето на минатата сезона.
Исак одигра клучна улога во освојувањето на Лига Купот и враќањето на Њукасл во Лигата на шампионите. Сепак, две недели пред крајот на сезоната, лично го информирал менаџерот Еди Хау дека сака да замине, а оваа позиција ја повторил и телефонски пред да замине за Шведска, веднаш по поразот од Евертон во последното коло.
Ливерпул на почетокот на август испрати прва понуда од 110 милиони фунти, која беше брзо одбиена. Интересот на „црвените“ сè уште е присутен, а се смета дека понуда од околу 150 милиони фунти би можела да го убеди Њукасл да се раздели со играчот, доколку пред затворањето на прозорецот обезбеди соодветна замена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Елиф Елмас би можел повторно да заигра за Наполи

Евро-фудбал
ПСЖ го купи Забарњи за 63 милиони евра

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Интернационалци
Жозе Мурињо го сака Столе Димитриевски на голот на Фенербахче
