Порто и Интер одиграа без голови на стадионот „Драгао“ во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. „Нероаѕурите“ со овој резултат се пласираа меѓу осумте најдобри на „турнирот на богатите“ за првпат по 2011 година.
По мечот, тренер Симоне Инзаги ги пофали сите кои се вклучени во успехот.
„Многу сум среќен. Оддавам целосна почит кон тимот кој покажа енергија во која не се сомневав ниту еден момент. Имавме проблеми пред и за време на натпреварот, но играчите останаа стабилни. Верував дека ќе успееме бидејќи тимот секогаш беше фокусиран на играта. Многу сум среќен со она што го правиме и заслугите се на овие играчи кои во последните 18 месеци заедно ни донесоа трофеи и рангирања кои предолго недостигаа за клуб каков што е Интер. Овој успех им го посветуваме на навивачите. Сега треба да се фокусираме на Серија А и полуфиналето на Купот на Италија. Има уште многу натпревари да се одиграат“, изјави Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal