Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, не го криеше задоволството откако вo првиот натпревар по паузата во Калчото, неговиот тим го победи лидерот Наполи со 1-0.
„Победивме девет од последните десет првенствени натпревари и одигравме многу добро во Лигата на шампионите, минувајќи ја и групата. Испуштивме бодови на почетокот на сезоната, но ни претстои уште долг пат. Мораме да се фокусираме на себе одејќи од натпревар во натпревар. Секоја натпревар има своја приказна. Можевме да постигнеме гол во првото полувреме, но поради сопствените грешки и добрите одбрани на нивниот голман не успеавме. Да се победи лидерот е големо достигнување и треба да ни даде самодоверба за идните мечеви. Битка за титулата? Има уште толку многу натпревари до крајот, а паузата од Светското првенство беше нешто ново за сите“, изјави Симоне Инзаги.
Наполи, кој го претрпе првиот пораз оваа сезона, останува на врвот на табелата во Серија А со 41 бод. Интер е четврти со 33 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













